Почна средбата Заев – Ахмети во Клубот на пратниците

116
ФОТО: МИА

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети во Клубот на пратениците ја почнаа средбата на која ќе се разговара за претстојните претседатели избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.

Заев е придружуван од Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ, а Ахмети од Артан Груби и Атила Реџепи.

Пред средбата са Ахмети, Заев изјави дека начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат. Тој најави дека ќе разговара со лидерите и на другите коалициски партнери од албанскиот блок – со БЕСА на Африм Гаши, со Мендух Тачи од ДПА, како и со Зијадин Села од Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами.

Целта на разговорите, како што истакна, е да се види дали може сите да застанат зад заеднички кандидат кој е прифатлив за сите граѓани од секаква политичка, етничка и социјална припадност.

Ахмети, пак, вчера во интервју за РТК рече дека во ДУИ има волја да се постигне договор за консензуален кандидат за претседател со владините коалициски партнери, но оти тоа зависи од двете страни.

Против заеднички кандидат со ДУИ се Алијанса за Албанците и Беса на Билал Касами. Беса на Африм Гаши сѐ  уште нема став, а ДПА ќе го поддржи само заедничкиот кандидат на власта.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...