Почна седницата во Сенатот за импичмент на Трамп

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, изјави дека при крајот на денешната седница ќе биде известена Белата куќа, за да се побара од претседателот да испрати негов советник кој треба да одговори на обвиненијата.

165

Во Сенатот денеска започна сослушувањето за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп со воведен говор на Адам Шиф, демократски конгресмен, еден од таканаречените менаџери, или обвинители за отповикување на претседателот.

Седумте обвинители, закондоваци од Претставничкиот дом, ќе ги презентираат обвиненијата пред сенаторите, кои имаат улога на порота.

Судијата на Врховниот суд Џон Робертс ќе даде заклетва за извршување надзор на процесот, а потоа ќе се заколнат и сто членови на Сенатот.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, изјави дека при крајот на денешната седница ќе биде известена Белата куќа, за да се побара од претседателот да испрати негов советник кој треба да одговори на обвиненијата.

Главното сослушување ќе почне во вторник идната недела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...