Почна реконструкција на патот Тетово-Попова Шапка

139

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид во рехабилитацијата на патот од Тетово до Попова Шапка каде се поставува нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри.

Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.

– Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг“ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово – изјави Китанов.

Градоначалничката Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати.

– Ове значаен пат како за општината, така и за цела околина, имајќи го во предвид туристичкиот аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатетна. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација – рече Арифи.

Министерите Сугарески и Бектеши на новинарски прашања дали се размислува за градба на нова жичарница, истакнаа дека во момнтов се размислува што треба приоритено да се направи.

– Владата сериозно размислува и она што во моментов се случува е првиот показател. Минатиот период многу се зборувало дека се сака да се инвестира, но тоа треба да се случи на дело. Владата инвестира во делот на патот и не само во делот на патот и секаде каде е потребно, бидејќи Попова Шапка е еден од клучните туристички центри во нашата држава и тоа ќе се случи – рече Сугарески.

Министерот Бектеши посочи дека во моментов се прават две анализи за економска оправданост за инвестирање во иднина што се под надлежност на Елем Турс.

– До октомври консалтинг агенција треба да ја достави анализата по што ние како Влада ќе одлучиме дали ќе биде под концесија или преку јавно приватно партнерство. Мора да има детална анализа – рече Бектеши.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...