Почна реконструкцијата на Бихаќка

275

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата Бихаќка и на улицата Црниче, меѓу општините Центар и Кисела Вода.

Овој коловоз ќе се обнови на должина од 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, па се до улицата Востаничка. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на општините Центар и Кисела Вода, Саша Богдановиќ и Филип Темелковски.

Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона ги завршуваме во рекордно кратки рокови, зашто за нас е императив инфраструктурата која со години беше запоставена да ја доведеме во ред и да создадеме услови за безбедно одвивање на сообраќајот. Апелирам до граѓаните на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат патната сигнализација – рече Шилегов.

Градежните работи на улицата Бихаќка е предвидено да завршат во рок од 30 дена. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 9 милиони денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...