Во Кривичниот суд во Скопје почна распитот на премиерот Зоран Заев во случајот Поткуп каде е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од бизнисменот Иван Николов – Сачевслиев за приватизација на градежно земјиште.
Први со испрашување започнаа адвокатите на Заев, а премиерот кажа дека приватизацијата била согласно законот за државно градежно земјиште.
Заев кажа и дека со Николов претходно во периодот од 12 години додека бил градоначалник немале проблем и недоразбирања.
– Неговите компании соработувале со компаниите на моето семејство. Неговиот син е другар со мојот прв братучед. Како градоначалник на Струмица на сите граѓани и бизнисмени сум им бил сервис. Во целиот период од 12 години немало проблем. Надвор од моите надлежности сум помагал затоа што верувам дека е чесно да се помага кога сум можел. Таков случај беше со неговиот син кој се најде во незгодна состојба при туристичкото патување во Дубаи. Тоа беше пред случајот со монтирање ма овој предмет – рече Заев.
Премиерот одговори само на две прашања по што дојде до технички проблеми со комјутерот, па судот даде пауза од 15 минути за да се среди проблемот.