Во Охрид денеска започна Охридскиот дијалог чиј домаќин е премиерот Зоран Заев, а се одржува во коорганизација со Алтланскиот совет и Охридската група.
На неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На настанот, како што соопшти МНР, присуствуваат голем број дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка.
Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија.