Машал Саад ал-Бостани (31) поручник во саудиското Воено водухопловство и еден од 15-те осомничени убијци на новинарот Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври, загинал утрово во сомнителна сообраќајна несреќа во Ријад, пренесуваат медиумите.
Изворот на еден турски медиум не соопштува никакви детали за сообраќајната несреќа.
Колумнистот на Дејли Хуриет, Абдулкадир Селви тврди дека Мохамад ал-Отаиби, саудиски конзул во Истанбул, во чие присуство се случи суровото касапање на новинарот Кашоги, познат противник на саудискиот режим, може да биде „следен за егзекуција“, бидејќи принцот Мохамад бин Салман „ќе стори сѐ за да се ослободи од доказите“.
Ал-Отаиби исто како и загинатиот поручник, се врати во Саудиска Арабија на 16 октомври, пред да се изврши истрагата за убиството во неговата резиденција во Истанбул.
ФОТО: Твитер