Почна лидерската средба во Клубот на пратеници. На неа присуствуваат лидерите на четирите политички партии, две од опозицијата, две од власта.
Прв пристигна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, како претставник на ДУИ.
Потоа дојде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Кратко по него пристигнаа и претставниците на СДСМ, премиерот Зоран Заев придружуван од Радмила Шекеринска.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше следниот кој пристигна во Клубот на пратеници. Него го придружуваше Тања Каракамишева која е претседателка на Комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ.
Последен пристигна лидерот на тетовското крило на БЕСА, Билал Касами придруживан од Аријанит Хоџа и Кастриот Реџепи.
Во Клубот на пратеници се појавија и двајцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.