Почна истражувањето на пештерата „Убавица“

389

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес прими италијански спелеолози и членови на Спелеолошкиот клуб „Кораб” од Гостивар, информира Општината.

Посетата на италијанските спелеолози во Општина Гостивар се должи на започнувањето на спроведувањето на проектот “Зајакнување на локалните актери за експлорација, истражување и заштита на природното наследство на пештерата „Убавица”, проект финансиран од Европската Унија, а имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, а се реализира од страна на Спелеолошкиот клуб „Кораби” во партнерство со Општина Гостивар.

Таравари најави дека проектираниот буџетот е 75.800 долари и дека целта на проектот е да се зајакнат вештините и управувањето на локалните актери кои во иднина ќе имаат одговорност да го заштитат, зачуваат и да го мониторираат природното наследство на пештерата „Убавица“ во село Ѓоновица.

– Преку овој проект ќе се промовира и збогатена туристичка содржина во Општина Гостивар, преку понуда која ќе овозможи туристичка дестинација за спелеолозите, но и за други лица – истакна градоначалникот Таравари.

За важноста на проектот и соработката со Општина Гостивар и Здружението „Кораби“, зборуваше италијанскиот спелеолог Матео Дардалини, додека претседателот на Здружението „Кораби” Јетон Османи, се заблагодари на Канцеларијата за имплементација на проекти при Општина Гостивар за успешното изготвување на апликацијата за добивање на овој мошне значаен грант.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...