Почна глобална потрага по украдената гитара на Пол Макартни пред повеќе од 50 години

362

Баварскиот производител на инструменти Карл Хофнер покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, откако исчезна една негова гитара пред повеќе од 50 години.

Леворакиот басист на една од најголемите музички групи на сите времиња Битлс, бас гитарата Хофнер 500/1 ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург. Макартни на неа свирел две години и на првите два албума на Битлси.

– Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години. Сега дојде време да ја пронајдеме – изјави Ник Вас од фирмата Хофнер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...