Оштина Гази Баба заедно со локалниот совет за превенција на општината и полициската станица Гази Баба, ја почнаа кампањата за превенција на населението „Лето без пожари”, соопшти Општината.
Акцијата пчнаод населеното место Стајковци. На минувачите и учесниците во сообраќајот, градоначалникот Борис Георгиевски, заедно со полицајците, им делеа вода и флаери со информации за опасноста од пожари во летниот период.
Целта на акцијата е превентивно да се делува на свеста на намалување, да внимаваат како се однесуваат на зелените површини и шумите, за да не предизвикаат пожар, кои често се со фатални последици поради човечко невнимание.
Георгиевски од прво отворената канцеларија за превенција во Стјковци ги најави и идните акции и проекти како што се отворање на нова канцеларија во Синѓелиќ, кои ќе помогнат на граѓаните лесно да дојдат до информации и помош од полицијата. Целта, според градоначалникот е да се придонесе за што поголема безбедност на сите граѓани.
Геориевски најави уште една акција со СВР Скопје која ќе се одесува на превенција од имоитни деликти.