Почнаа катастарските активности за новиот Клинички центар во Ѓорче Петров

383

Владата на денешната седница усвои Информација и Одлука за согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, со што, како што информира владината прес-служба, почнаа активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата којa е наменета за изградба на новиот Клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.

„На денешната седница владата ја разгледа ги усвои Информацијата и Одлуката за давање на согласноста за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место Веле Поле, за изградба на објекти со намена  А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура,  КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров“, се наведува во соопштението од седницата на Владата.

Со оваа одлука на Владата, се додава во соопштението, започнаа активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата којa е наменета за изградба на новиот Клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...