Џорџија Енгел починала на 70-годишна возраст, пренесуваат американските медиуми. Веста за смртта на актерката која ја паметиме од серијата „Сите го сакаат Рејмонд“ ја потврдил нејзиниот пријател и соработник Џон Квилти, а причината за смртта сè уште не е откриена.
Освен што беше актерка, Енгел била и припадничка на сектата „Христијанска наука“, поради што не одела на лекар, бидејќи сметала дека болестите се лекуваат со помош на верата и молитва.
Својата дологогодишна актерска кариера паралелно ја градела на телевизијата и во театарот, а за своите ангажмани и неколкупати била номинирана за наградата „Еми“.
ФОТО: Профимедиа