Почина уште еден член од семејството Лала, досега 52 жртви од земјотресот во Албанија

Единствен преживеан од ова семејство е 17 годишниот Рам Лала, кого спасувачките екипи од под урнатините го извлекоа по 14 часа од разурнувачкиот потрес.

447

Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Албанија се искачи на 52 лица, јави дописничката на МИА.

Станува збор за Фиќерете Лала (64), член на семејството Лала, со што бројката на загинати од ова семејство се искачи на девет.

Според Ора њуз Фиќерете преживеала инфаркт по трагедијата на семејството по што била хоспитализирана во Воената болница во Тирана.

Семејството Лала живееше во Туман, кај Драч, едно од најпогодените места од земјотресот, во повеќекатна куќа која целосно се урна.

Од под урнатините беа извадени безживотните тела на осум нејзини членови. Сахадета (79), нејзиниот парализиран син Илир(51), снаата од другиот син Мариета и нејзините четири деца на возраст од две до 10 години, и внуката Гриселда (22). Фикрете е снаа на Сахадете од повозрасниот син.

Единствен преживеан од ова семејство е 17 годишниот Рам Лала, кого спасувачките екипи од под урнатините го извлекоа по 14 часа од разурнувачкиот потрес.

Тој и уште две семејства од Туман, кои изгубија свои блиски добија нови живеалишта од социјалните станови во населбата „Шкозен“ во Тирана, каде бесплатно ќе добиваат храна, а ќе имаат на располагање и лекар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...