Почина тригодишниот син на Гренџер Смит

2331
ФОТО: Инстаграм

Вчера кантри пејачот Гренџер Смит соопшти дека неговиот тригодишен син, Ривер Кели Смит, починал.

– Се работи за трагична несреќа, и покрај обидите на докторот, не можеше да се спаси – напиша 39-годишникот на Инстаграм и Твитер.

Иако пејачот не соопштил детали за смртта, наводно детето починало „по трагично давење дома“, пренесува „E! News“.

Гренџер додаде дека заедно со сопругата Амбер Бартлет одлучиле „да си го кажат последното збогум и да ги донираат неговите органи за да им се пружи втора животна шанса на други деца“.

– Рив беше специјален. Секој кој го запозна го знаеше тоа веднаш. Среќата која ни ја донесе не може да се опише, а неговата светлина ќе биде засекогаш во нашите срца – вели Гренџер.

Морган Милер, чија 19-месечна ќерка почина по давење во базенот на соседите, напиша на Инстаграм:

– Ми се скрши срцето. Уште едно бебе замина прерано.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...