Почина трансродната добитничка на лото, на биолошките деца не им остави ништо (ВИДЕО)

813
ФОТО: Принтскрин

Педесет и осумгодишната Мелиса Еде, трансродовиот возач на такси од Велика Британија која освои џекпот од четири милиони фунти починала во понеделник, пренесуваат британските медиуми.

По добитокот на лото, Мелиса дала отказ во компанијата во која по 16 часа на ден возела такси цели 25 години. Била многу сиромашна, а ја напаѓале четири пати. Четири години се борела за да направи операција и да си го промени полот.

– Ме уверуваа дека никогаш нема да имам успешен живот како жена. Ги уверив во спротивното. Време е за освета – изјавила таа лани кога се пријавила на британско шоу за таленти.

Со добиените пари купила куќа со шест спални соби и базен за својата свршеница Ракел Нејсон и нејзините пет малолетни деца.

На биолошките деца, кои денес имаат 20, 30, 31 и 40 години, не им оставила ништо.

– Тешка е таа позиција и одлука. Знам дека децата треба безусловно да се сакаат, но било кој што може така лесно да отсече некого од својот живот, зошто повторно да биде дел од мојот живот сега кога имам пари? Можеа да ми се обратат и да ми се вратат било кога во последните 14 години. Уште ги сакам, но не сакам од нив лажна љубов, бидејќи не беа тука кога ми беше тешко – изјавила Мелиса лани.

Нејзините деца никогаш не ја прифатиле промената на нејзиниот пол, како и нејзината партнерка.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...