Том Вулф, амерокански есеист, новинар и автор на книги кои станаа бестселери „The Electric Kool-Aid Acid Test“ i „Bonfire of the Vanities“ почина вчера на 87. години, соопшти неговиот агент.
Вулф умрел од инфаркт во болница на Менхетен во Њујорк. Тој е познат по воведување на терминот „radical chic“, со кое се објаснувало радикалното однесувањена познатите личности од високото општество.
Вулф бил пионер на „новото новинарство“, односно на литературниот стил кој е развиен во 60-те и 70-те години, а кој е познат по пишување од субјективна перспектива, наспроти традиционалното објективно новинарство.
Новинарската кариера ја почнал во Спрингфилд во Масачусетс, а подоцна преминал во „Washington Post“.
Во Њујорк се преселил во 1962 годинљ, каде останал до крајот на животот.