Пред околу еден час почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир којшто утринава се случи на автопатот Велес- Скопје, пренесе „Канал5“
Жената по несреќата беше во кома поради тешки повреди на главата. Повредени се две други лица кои се пренесени во велешката болница.
Сообраќајот на автопатот неколку часа беше затворен, а според првичните информации, причини за сообраќајката е густата магла и голомразица на мостот каде се случила несреќата.