Почина Тери Џоунс, ѕвездата на „Монти Пајтон“ ФОТО

Како што соопштило неговото семејство, тој починал во својот дом по долгата битка со редок облик на деменција.

501

Тери Џонс, познат британски актер, комичар, режисер и сценарист, почина во вторникот на 77-годишна возраст, по долго боледување, јави Би-би-си.
Џонс е најпознат по тоа што е еден од членовите на комичарскара група „Монти Пајтон“.

Како што соопштило неговото семејство, тој починал во својот дом по долгата битка со редок облик на деменција.

Беше успешен и во улогите на средовечни жени, а често глумеше и постари мажи од повисоката класа.

Тој исто така го режираше филмот „Животот на Брајан“ додека соработуваше со Тери Гилијам на „Значењето на животот“ и „Светиот грал“.

Тој го напишал и сценариото за филмот „Лавиринт“ од 1968 година, а ги режирал филмовите Ерик викинг (1989) и Ветер во врбите (1996).

Image result for terry jones

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...