Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина вчера по кратко боледување.
Актерката родена на 3 ноември 1933 година, снимила над 50 играни и 15 телевизиски филмови.
Најголема популарност стекна со улогата на Јелена Тодоровиќ во филмскиот серијал „Жикина династија“.
Добитник е на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година и многу други.