Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“ Дејан Павлов за МИА потврдува дека 15-годишното момче синоќа во Клиничкиот центар во Скопје по неколкуте операции на главата и на градите починал. Посмртните останки на Седат ќе бидат погребани на гробиштата во село Радање во Општина Карбинци.
Надлежните од Основното јавно обвинителство информираат дека ќе го чекаат извештајот на лекарите и вештачењето од сообраќајната несреќа, по што ќе се комплетира предметот против 68-годишниот возач, кој на преминот не застанал, го удрил момчето и по булеварот го влечел околу 15 метри.