Почина скопјанецот кој беше претепан на Кеј

675

Скопјанецот С.М. (66) кој на 3 август утрината бил крвнички претепан на Кејот во Скопје починал вчера на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

Според информациите на МВР, телото на починатиот по наредба на јавен обвинител било предадено на обдукција.

Полицијата информира дека утрото на 3 август С.М. пријавил во полициска станица дека ноќта на Кејот 13-ти Ноември бил претепан од непознато лице кое му нанело модринка на окото и расекотина по лицето. По нападот, С.М. поради повредите на главата, бил задржан на Клиника. Полицијата го пронашла и го уапсила насилникот А.Б. (43) од Скопје и против него поднела прекршочна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...