Почина седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково

270

Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково.

„Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот“, соопшти МВР.

Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...