Денеска во претпладневните часови почина родилка како резултат на комплицирана бременост, информираат од гинекологија во Чаир.
Во тек на вчерашниот ден, родилката е примена во Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје како високо ризична бременост во преекламптична состојба во 38 -ма гестациска недела од бременоста, со плод во карлична презентација, повеќе големи туморозни формаци на матката и две предходни породувања со царски рез, информираат од чаирската болница.
„По приемот се превземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри. По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска Клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски” – Скопје каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол истата екзитирала“, с евели во информацијата о болниата.