Почина „Роби Ротен“ од „Мрзливиот град“

546

Исландскиот актер Стефан Карл Стефансон, кој го играше негативецот „Роби Ротен“ во детската серија „Мрзливиот град“, почина на возраст од 43 години по долго боледување од рак на панкреас.

На Стефансон болеста му беше дијагностицирана во 2016 година, а набргу потоа беше подвргнат на операција. Тој во март годинава објави дека болеста се вратила и дека повеќе не може да биде опериран.

– Дури откако ќе ви кажат дека наскоро ќе умрете сфаќате колку е краток животот. Времето е најважната работа во животот, бидејќи никогаш не се враќа, напиша актерот тогаш на социјалните мрежи.

Стефансон на пошироката светска јавност и стана познат по серијата „Мрзливиот град“, која се снимаше од 2004 до 2014 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...