Почина Ристо Поповски, доајен на македонското новинарство

1056

Почина Ристо Поповски, доајен на македонското новинарство, синоќа, во 22:30 часот, по кратко боледување. Еден од најпознатите новинарски имиња во Македонија и на Балканот, своевремено основач на првата приватна новинска агенција на Балканот Макфакс и еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права. ЦИВИЛ им упатува искрени изрази на сочувство на членовите на семејството и пријателите на нашиот драг и непрежален Ристо.

Големиот новинар Ристо Поповски (1945 – 2018) има пребогата новинарска кариера, а како човек е познат по својата скромност, добрина и солидарност. Тој беше уредник во една од своевремено најмоќните светски новинарски агенции Тајнуг. Работел за Радио Скопје од 1965 година како волонтер, а од 1970 година се ангажира и професионално. Од 1974 година до 1992 година е во новинската агенција Танјуг, најпрво како новинар, а потоа и како шеф на Македонската редакција на Тајнуг. Бил дописник во Москва во време на историските промени на почетокот на деведесетите години.

Во 1992 година ја основа независната новинска агенција Макфакс. Беше коментатор на неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а коментатор од Македонија за Алџезеира. Долги години беше активист на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.

Избор: Цивил медиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...