Предраг Поповиќ-Дракче, член на првиот состав на групата „Ван Гог“, почина на 57-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.
Веста за неговата смрт беше потврдена на Фејсбук-страницата на Здружението на рок музичари на Србија.
„Со голема тага и жалење ги известуваме членовите и пријателите на Асоцијацијата на рок музичари на Србија дека прерано нè напушти нашиот истакнат член, пријател и колега Предраг Поповиќ – Дракче (1962-2019) нè остави предвреме. Својата музичка кариера ја започна со групата „Рок експрес“, за да во 1986 година стане член на првата постава на „Ван Гог“. По напуштањето на групата „Ван Гог“ прави голема пауза и се враќа на музичката сцена во 2009 година во групата Трибут бенд на Бјело дугме. Последните пет години, со познати рок музичари, свира во клупскиот бенд „Dr. Beat“.
Последното испраќање на нашиот сакан Драгче ќе се одржи в петок, 02.08.2019 година на гробиштата во Лесче во Белград “, објавија на Фејсбук.