Почина поранешниот претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон

130
ФОТО: EPA / FILIP SINGER

Поранешниот претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон, почина на 89 години.

Ленарт Јохансон е сметан за архитектот на најпрестижниот клубски турнир, Лигата на шампионите за време на 17-годишниот период како претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

– Ленарт Јохансон е најдобриот фудбалски лидер за сите времиња. Никој друг Швеѓанец немал такво влијание во историјата на оваа игра. Тој беше длабоко почитуван како претседател на УЕФА и потпретседател на ФИФА, а неговите квалитети на лидер се признати насекаде во светот – соопшти шведскиот претседател Карл-Ерик Нилсон.

Јохансон раководеше УЕФА меѓу 1990 и 2007 година, кога беше поразен на изборите од француската легенда Мишел Платини. Швеѓанецот исто така беше кандидат за претседателско место на ФИФА во 1998 година, кога го загуби гласањето против Сеп Блатер.

Јохансон го реформира европскиот фудбал со радикалната трансформација на КЕШ во Лигата на шампиони во 1992-та година, кога и тимовите кои не завршиле на првото место во домашните првенства добија шанса да се натпреваруваат за трофејот.

ФОТО: EPA / FILIP SINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...