Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Хавиер Перез де Куељар почина на 100-годишна возраст, соопшти ОН.
Перуанскиот политичар беше генерален секретар на ОН два мандата, од 1982 до 1991 година. Тој одигра клучна улога во завршувањето на војната меѓу Иран и Ирак, ослободувањето на американските заложници и постигнувањето мировен договор меѓу Камбоџа и Ел Салвадор, соопшти ОН.
По кариерата во ОН, Де Куељар се ангажираше за повторно воспоставување демократија во родното Перу.
Неговиот син, Франциско Перез де Куељар изјави дека неговиот татко починал дома од природна смрт.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го нарече перуанскиот политичар „лична инспирација“.
– Животот на господинот Куељар не го одбележа само векот, туку и целата историја на ОН, почнувајќи со неговото учество на првото заседание на Генералното собрание во 1946 година, напиша Гутереш во соопштение.