Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ почина на 78 години. Дулиќ беше пратеник во повеќе мандати во Собранието од 2006 до 2014 година. Дулиќ била и член на Републичкиот судски совет, судија на Врховниот суд на РМ и Стопанскиот суд на РМ.
Таа е родена во Кочани, во 1941 година, има завршено Правен факултет.
Дулиќ ќе биде погребана утре на гробиштата во Бутел.