Британскиот актер Питер Мејхју, кој во пет филмови од серијата „Војна на ѕвездите“ го глумеше Чубака, почина на 74-годишна воздраст во својот дом, соопшти неговото семејство. Мејхју починал во вторникот, во неговата куќа во Тексас.
Причините за смртта не се соопштени.
Чубака, познат и како Чуи, беше силен војник со меко срце, тело покриено со крзно, копилот на бродот „Милениумски сокол“ и лојален помошник на Хан Соло, кој го толкуваше Харисон Форд.
„Питер Мејхју, беше љубезен и мек човек, со големо достоинство и великодушен карактер“, изјавил Форд во соопштението.
Форд додал дека со Мејхју не бил само партнер во филмот туку и долгогодишен пријател, повеќе од 30 години.