Вечерва маж на возраст од околу 50 години е прегазен на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Ново Лисиче.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи патничко моторно возило „шкода октавија“ со германски таблици управувано од жена на возраст од 49 години го удрила пешакот кој починал на лице место.
Полицијата врши увид на местото на настанот.