Осумдесет и тригодишен скопјанец почина откако вчера во него удри возило марка „фолксваген пасат“ на улицата „Македонско-косовска бригада“.
Полицијата денеска информира дека повредениот со возило на Итната медицинска помош било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде е констатирана смрт.
Возилото го управувал 63-годишниот Б.М. од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.