Ларс Ларсен, основачот на „Јиск“ почина утрово на 71-годишна возраст. „Трговец“, како што бил познат меѓу неговите колеги починал во неговиот дом во близина на Силкеборг, Данска, во кругот најблиските членови на неговото семејство, соопштија од компанијата.
Ларс Ларсен ги остави зад себе сопругата Кристина, нивните две деца и четири внуци.
– Денес го изгубивме нашиот татко, сопруг и дедо, и Данска изгуби вистински извонреден трговец. На сите ќе ни недостасува и ова е голема загуба, но ќе дадеме се од себе за да продолжиме да го развиваме неговото импресивно животно дело – рече синот на Ларсен, Јасејкоб Брунсборг, кој ја презеде функцијата претседател на гриупацијата „Ларс Ларсен“ во јуни, откако неговиот татко се пензионираше.
Ларс Ларсен ја основа компанијата во 1979 година.