Добитничката на Нобелова награда за литература Тони Морисон почина на 88-годишна возраст во Њујорк, соопшти денеска нејзиниот издавач Алфред А. Кноф.Морисон е прва афроамериканка која добила Нобелова награда.
Шведската академија ја награди во 1993 година за „употреба на јазикот и визионерска сила“.
За романот „Сакани“, во кој мајката мора да направи трагичен избор дали да го убие бебето за да го спаси девојчето од ропство, таа доби Пулицерова награда во 1988 година.