Почина мотоциклист во битолско

144

Мотоциклист почина вчера како последица на сообраќајна несреќа што се случила околу 17.45 часот на магистралниот пат Битола-Ресен.

Полицијата соопшти дека вчера околу 17.45 часот на магистралниот пат Битола – Ресен, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Митцибуши Пајеро“ со битолски регистарски ознаки управувано од Џ.Ј.(44) од Битола и моторцикл „Хонда“ исто така со битолски регистарски ознаки управуван од Б.А.(35) од село, Мојно, битолско.

По незгодата мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола каде починал.

Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...