Младиот сплитски глумец Јосип Браовац почина на 31 година, по кратка борба со тешката болест, пишуваат хрватските медиуми.
Јосип на хрватските гледачи им е познат по улогата на Дамир од втората сезона на телевизиската серија „Ружа вјетрова“, чие дејство се одвиваше во Сплит.
Се појавил и во спотот на групата „Магазин“ за песната „Јутро након“, како и во „Школована да преживим“.
На една од последните фотографии на социјалните мрежи Јосип лежи на болничкиот кревет, а на почетокот на април напишал дека е среќен човек што покрај себе ги има пријателите и семејството кои во секој момент му помагаат во борбата со болеста.
Тој е татко на петгодишниот Бруно.
FOTO: Fejsbuk