Почина Марк Холис од „Ток ток“ на 64 години

267
ФОТО: Мирор

Марк Холис, фронтмен на пост-рок бендот „Ток ток“ (Talk Talk), почина на 64-годишна возраст, објавија британски медиуми.

Холис е заслужен за хитовите кои во 80-тите ја прославија групата „Ток ток“, како што се „It’s My Life“, „Such a Shame“, „Today“ и многу други.

Веста за неговата смрт ја објави на Твитер неговиот роднина Ентони Костело.

– Почивај во мир, Марк Холис. Роднина. Прекрасен сопруг и татко. Еден фасцинантен и принципиелен човек. Се повлече од музичката сцена пред 20 години, но е неопислива музичка икона – напиша Костело.

Од Холис на Инстаграм се прости и басистот на „Ток Тлк“, Пол Веб.

– Многу сум шокиран и тажен поради веста за смртта на Марк Холис. Беше музички гениј и беше чест и привилегија да се биде во група со него. Не сум го видел Марк со години, но како и многу музичари од нашата генерација, на мене длабоко влијаеја неговите револуционерни музички идеи – напиша Пол.

ФОТО: Мирор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...