Јапонецот Масао Мацумото, мажот од најстарата брачна двојка во светот, почина на возраст од 108 години. Вкупната возраст на Масао и неговата сопруга Мијако е скоро 210 години и тие двајцата во август лани беа запишани во Гинисовата книга на рекорди.
Официјално, причината за смртта на Јапонецот е срцева слабост.
Тие двајца се венчале 1937 година и во мигот кога тој починал, биле в брак 81 година и 201 ден, што е апсолутен рекорд. Пред тоа, рекордот за најдолг брачен живот го држеше двојката од Велика Британија – Гурдрен и Карл Долвен.
Од бракот на Мацумото се родиле пет ќерки, 13 внуци и 25 правнуци.
ФОТО: МИА