Почина легендарниот британски тапанар Џинџер Бејкер

Основачот и тапанарот на славниот рок бенд „Крим“ ќе остане забележен во историјата на модерната музике као прва тапанарска суперзвезда.

129

Џез и блуз легендата Џинџер Бејкер почина на 81-годишна возраст. Основачот и тапанарот на славниот рок бенд „Крим“ ќе остане забележен во историјата на модерната музике као прва тапанарска суперзвезда.

Џинџер Бејкер, легендарниот британски тапанар на рок и блуз групата од 60-тите години „Крим“, вчера почина во болницата во која беше примен во критична состојба пред околу десетина дена, објави неговото семејство на Твитер.

Членовите на групата, Џинџер, басистот Џек Брус и гитаристот Ерик Клептон, продадоа 35 милиони плочи за помалку од две години и станаа славни со хитовите како „I Feel Free“, „Sunshine of Your Love“, „White Room Crossroads Badge“.

Џинџер е еден од основачите на групата „Крим“ од 60-тите години, кој ги откри Ерик Клептон и Џек Брус и ја формира во групата во 1966 година.

„Крим“ се смета за прв британски супербенд, иако се распадна по само три години во екот на славата. Нивниот албум „Wheels of Fire“ беше првиот двоен платинест албум на светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...