Познатиот српски кларинетист Божидар Боки Милошевиќ, починал во болница во Белград, објави српски „Курир“. Имаше 87 години.
Милошевиќ беше познат кларинетист, шеф на Народниот оркестар на Радио-телевизија Белград, професор на музичката школа „Јосип Славенски“ и член на Белградската филхармонија.
Мајсторот за кларинет е роден во Прокупље во 1931 година, а со музика почнал да се занимава од 1950 година. Дипломирал и магистрирал на Музичката академија во класата на професорот Бруно Брун.
– Ако навистина сакате да научите да свирите, за еден инструмент ви се потребни два живота – говореше своевремено Боки Милошевиќ пред новинарите, кој зад себе остави четири деца, од кои три успешно се занимаваат со музика.