Oмиленото Гранд кафе Голд носи пријатни изненадувања за љубителите на кафето

1385

На новите пакувања доминираат симболите на пријателство, гостопримство и љубов како трајни вредности кои стануваат многу поблиски со филџан квалитетно кафе

Почитувајќи ги желбите на потрошувачите и секогаш нудејќи им повеќе од вкус, Гранд кафе лансираше на пазарот ограничена серија пакувања од својот најпопуларен производ – Гранд кафе Голд.

Новата ограничена серија на Гранд кафе Голд ја сочинуваат три специјални пакувања на кои доминираат мотиви и симболи што се поврзуваат со трите најважни работи во животот на сите луѓе: пријателството, гостопримството и љубовта.

Овие традиционални и безвременски вредности на кои се темели убавината на животот се истовремено и вредности кои ги негува и почитува Гранд кафе и на кои го гради својот препознатлив концепт на уживање во кафето.

– Секое пакување од Гранд кафе Голд носи со себе уникатни приказни кои нѐ спојуваат и создаваат вистинска и искрена блискост со оние без кои не можеме да го замислиме својот живот. Тие приказни, заедно со Гранд кафе Голд, се раскажуваат меѓу пријатели, во разговор со соседите и секако меѓу оние кои секојдневно си изјавуваат љубов, велат креаторите на новата серија пакувања на омиленото Гранд кафе, објаснувајќи го својот основен мотив за нивната најнова креација.

– Новата ограничена серија пакувања на Гранд кафе Голд е создадена за нови моменти на блискост и нови животни приказни. Уживајте во своето омилено кафе кое ќе ви донесе повеќе радост, велат од Гранд кафе, најавувајќи дека наскоро за сите потрошувачи следуваат нови и пријатни изнанадувања.

Гранд кафето Голд е направено според посебни рецепти и наменето е за луѓето кои уживаат во традиционалното силно домашно кафе со многу пена и препознатлив мирис и вкус.

Гранд кафе е дел од Атлантик Група, мултинационална компанија која во своето делување ги обединува производството, развојот, продажбата и дистрибуцијата на голем број производи за широка потрошувачка, со присуство на пазари во повеќе од 30 земји ширум светот. Благодарение на одличниот и постојан квалитет и оргиналност, Гранд кафето ја стекна довербата на голем број љубители на кафе и стана водечки бренд во регионот. Суверено ја држи лидерската позиција на пазарот за кафе во Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...