Почина и 13-месечно бебе од Свети Николе од морбили

449

Министертвото за здравство ја известува јавноста дека вчера (9. февруари 2019) во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Во петокот од морбили почина и 6-месечно бебе од кумановско.

Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината  во  здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...