Почина и бебето на избодената со нож трудница ВИДЕО

Бебето на кое семејството на убиената трудница му го дала името Рајли, починало во раните утрински часови.

620

Новороденото машко дете, на трудницата која смртно беше избодена со нож во куќа во Лондон почина во болницата денеска, јавува Би-би-си.

Неговата мајка, Кели Мери Фоврел, во поодмината фаза од бременоста, беше избодена со нож во саботата, после што починала на самото место на трагедијата.

Нејзиното бебе на свет дојде благодарејќи на напорите на Итната помош која дошла во куќата во која Кели била избодена, а новороденчето, машко дете, потоа било превезено во болницата во критична состојба.

Бебето на кое семејството на убиената трудница му го дала името Рајли, починало во денеска, во раните утрински часови, пренесе Метрополитен полицијата која денеска објавила фотографија и снимка од маж со качулка преку главата како се оддалечува од куќата во која е избодена Кели.

На истата снимка се гледа маж како се оддалечува од куќата на семејството Форвел околу 3:15 по локално време, а потоа по 10 минути почнува да трча.

FOTO: Printskrin/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...