Почина Жоао Жилберто, пионерот на боса нова

288

Бразилскиот музичар Жоао Жилберто, кој важи за пионер на жанрот боса нова, почина на 88 години. Пејачот и композитор му донесе меѓународна популарност на овој жанр во 1960-ите години, откако го издаде албумот „Chega de Saudade“, кој се смета за пресвртна точка за бразилската музика.

Бразилските медиуми објавија дека Жилберто починал во својот дом во Рио де Жанеиро по период на боледување, откако со години не се појавуваше во јавност.

Агенцијата АФП наведува дека Жилберто последните години се соочувал со здравствени проблеми и бил исклучително слаб. Според Ројтерс, музичарот починал во неговиот дом во Рио.

 

Жилберто му ја претстави боса нова на светот во 1958 година и овој ритам се карактеризираше со уникатен гитарски стил во кој модерни џез влијанија беа измешани со традиционалната самба. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...