Почина Жарко Луковски

4999

Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски починал попладнево во болница како последица на мозочен удар кој го доживеал вчера.

Луковски беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, а во 2015 за главен оперативен директор на македонски телеком.

Во последните години се споменуваше во јавноста како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико.

Името на Луковски се споменуваше и во аферата „Рекет” како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...