Почина Жак Ширак – големиот пријател на Македонија

Во колективната меморија на Французите, Жак Ширак, некогашниот политичар-булдожер од седумдесетите, а потоа мудриот и умерен државник од 2000-те, останува како значаен дел од француското политичко наследство.

1554

На 26 октомври почина поранешниот председател на Франција, Жак Ширак на 86 годишна вoзраст. Кој беше Жак Ширакеден последниот од големите председатели на Петтата француска република? Беше министер во десничарските влади на Франција од 1967 до 1974, потоа Премиер од 1974 до 1976 и од 1986 до 1988 и Председател на Франција во траење од 12 години. Воедно беше осум години амблематичен Градоначалник на градот на светлоста Париз. За неговата оригинална политичка фигура, се врзуваат сеќавањата на неговата иницијатива поповод Новата година, да им подарува по еден килограм црно чоколадо на сите лица од трета возраст во Париз. За време на неговиот политичка кариера, во два наврати коабитираше со Франсоа Митеран (1986-1988) како премиер а потоа и како председател на Франција со социјалистот Лионел Жоспен. Во 2002 беше повторно избран за председател на Франција со историски висок процент од 82,21% наспроти екстремистот Жан Мари Лепен. Во 2007 се повлекува од политичкиот живот.

Најпознатиот непознат на Елисејската палата

Во колективната меморија на Французите, Жак Ширак, некогашниот политичар-булдожер од седумдесетите, а потоа мудриот и умерен државник од 2000-те, останува како значаен дел од француското политичко наследство. Додека го исполнуваше вториот председателски мандат на сопствена штета го смали мандатот на председателската функција од 7 на 5 години. И покрај долговечноста на неговата политичка кариера на најзначајните функции во хелсагоналата и постојаната изложеност под светлата на рефлекторите и камерите, Ширак за многумина останува славна личност со многу непознаници. Тој беше најпознатиот непознат од Елисејската палата, инаку седиштето на француските председатели. Беше поинаков од останатите председатели. Иако Франција ја носеше далбоко во своето срце, уживаше во францускиот камамбер но не и во француското „бордо“. Ширак повеке пиеше пиво отколку вино. Омилено јадење му беше „телешка глава“, специјалитет од неговиот регион Корез. Во време на разонода наводно сакал да гледа исклучиво вестерн филмови, фубалски утакмици, да чита крими-романи и да слуша војна музика. Во суштина се работеше за еден рафиниран аристократски дух кој потекнува од буржуаско семејство, суптилен господин, шармантен француз и шармер но и признат експерт од доменот на азиската култура и цивилизации.

Дон Жуан во политиката

Иако на моменти скромен и затворен, дискретно се бранеше од јавноста, во душата Ширак беше еден топол, насмеан, пријатен и толерантен дух, човек што имаше разбирање за послабите и пред се голем џентлемен. Неговиот пријател Филип Сеген инаку поранешен председател на Парламентот на Франција и голем симпатизер на Македонија и на франкофонска Битола за Ширак велеша дека „тој бил Дон Жуан во политиката, кој повеке бил преокупиран со осојувањето на власта отколку со вршењето и уживањето во таа власт“. Неговите непријатели го сметаа за „непостојан“, „адаптивен“ и „непредвидли“. Во 1980 кога на председелските избори се натпреваруваше со Жискар Д’ Естен од десницата и Митеран од левицата, тој не се пласира во втроиот круг, но на своите симпатизери не им порача да гласаат за десничарот Д’ Естен туку „според нивната слободна волја“. Во првите денови на неговата политичка кариера почна како потписник на комунистичкиот апел од Стокхолм, против трката во атомското наоружување. Одвреме навреме џепаракот го вадел и со продажбата на комунистичкиот неделник Humanite dimanche. Оваа левичарска епизода на симаптичниот и млад шармер Ширак, завршува по заминувањето за САД. Таму се вработил во ланецот ресторани на Хауард Џонсон во Њу Орлеанс.

Почеток на вистинската политичка кариера на „младиот волк“

По враќањето во Франција, се запишува на Инстутот за политички науки каде ја запознава и својата идна сопруга Бернадет Шодрон де Курсел. Во 1967 избран е за пратеник од родниот Корез под патронатот на Жорж Помпиду поранешен премиер на Генерал Де Гол. „Младиот волк“ Ширак со 34 години бил именуван за Државен секретар за вработување. На почетокот се идентификувал како анти-европеец (апелот од Кошин 1978) но во 1992 се покажал како најголемиот проевропеец и прв го потпиша Договорот од Маастрих. Кога во 1995 беше избран прв пат за председател на Франција, не му пречи да ги користи социјалистичките идеји: „..Ке направам се за да се намалат социјалните разлики во државата“. Ширак беше bon vivant, по потекло од Корез (Средна Франција) упорно ги бранеше правата на земјоделците и прерасна во голем еколошки милитант. Често се појавуваше онаму каде никој не го очекуваше. Одеше по саемите на земјоделие, шумарство и стока, на популарните плажи, шеташе низ малите француски села, се натпреваруваше со селаните во разние локални игри, ги пробуваше локалните специјалитети, сирења и шаркутерии, понекогаш јадеше во обичните ресторани. Слично на Митеран кој го негуваше духот на Фиренца, и Ширак ги инкарнираше сите противречности на француското општество.

Политички тореадор

По смрта на Помпиду во 1974, Жак Ширак се ангажира во претседателската кампањата на Валери Жискар Д’ Естен. Предсеадтелот Жискар му го доверил мандатот за состав на новата влада. Меѓутоа, набргу нивните односи се влошуваат, Ширак јс напушта владата и во 1976 ја формира новата РПР партија. Во 1980 по победата на Митеран се наметува како најсилен политичар на опозицијата. Во 1995 конечно е избран за председател на Франција, а во 1997 ја прави најголемата грешка во својата кариера кога за да го спаси својот пријател Ален Жипе, распишува предвремени парламентарни избори кои ги губи. Тогаш отпочнува коабитацијата со социјалистот Лионел Жоспен. Во 2002 благодарение на гласовите на десницата и левицата кои се обединија против екстремниот десничар Жан Мари Лепен, Ширак победува на председателските избори. Неговата популарност го достигнува врвот кога му се спротиставува на Џорџ Буш против воената интервенција во Ирак. Во 2007 најавува дека нема да се кандидатира за третиот председателски мандат и целосно се повлекува од активниот политички живот. Еден од парадоксите на неговата политика беше дека иако прокламиран десничар целосно никогаш не ги прифати десничарски идеји. Понекогаш го препознаваа и со неговите радикални социјалистички и хуманистички идеји, но во душатам никогаш не престана да се повикува на голизмот и вредностите на Републиката.

Средби со Ширак

Жак Ширак беше мошне популарен политичар на почетокот на 80 тите години. Беше градоначалник но и како поранеше студент и алумни на Институтот за политички науки во Париз, често навраќаше на оваа афирмирана институција. Држеше предавања и трибини со Стенли Хофман, Алфред Гросер, Жан Лека, Ален Лансло, Пјер Аснер. Особено ги ценеше студентите од тогашните комунистички држави кои студираа во Париз и организираше посебни средби со студентите на кои се дискутираше за актиелни политички теми. Во 1982 органзираше посебен прием за спортистите на Расинг Клуб де Франс и долго зборуваше за тогашниот југословенски фудбал и ракомет. Во 1997 на конференцијата во Стразбур, настапи пред АТА (НАТО асоциации) и посебно се заинтересира за состојбите на Балканот и Македонија. Беше загрижен за стабилноста на Македонија и се изрази со пофални зборови и комплименти за мудроста на председателот Глигоров. Конечно на Самитот на НАТО во Истанбул 2006, благодарение на познанството со неговата министерка за одбрана Мишел Алио Мари, успеавме да се избориме за билатерална средба со тогашниот председателот Бранко Црвенковски. Ширак кој веке покажуаше одредени знаци на измореност, по наговор на нашата пријателка Мише Алио Мари прифати средба иако мораше да ја напушти дебатата со останатите председатели и шефови на влади и да пропешачи околу 300 метри за да се стигне до нашата канцеларија. „Уф вие Македонците ме изморивте, но сепак решив да дојдам“. Тоа беше последен пат да се видам со председателот Ширак. Меѓутоа неговата топлина и смирен дух остануваат во трајно сеќавање. Кога се повлече од активниот политички живот му се посвети на неговиот музеј за Азиски и африкански култури и цивилизации на Кејот Бранли. Од летото 2011 неговата здраствена состојба значително се деградирала, бидејки бил болен од Алцјахмеровиот синдром. Од 201б се редуцира и неговата мобилост и автономност. Оние што го сретнале по 2016 велат дека од неговата личност тешко се препознавала свежината на некогашниот булдожер, од неговиот поглед бликала тагата и немоќта, слично на ранетито лав пред смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...