Почина една од најретките желки во светот

2715
ФОТО: Би-би-си / Getty Images

Женска желка yangtze giant softshell почина во зоолошка во Кина, оставајќи зад себе уште три од својот вид, пренесува „Би Би Си“.

Експертите оваа желка, позната и како rafetus swinhoei, се обиделе вештачки да ја оплодат уште еднаш пред да почине. Таа била стара над 90 години.

Овој вид на желки е загрозен поради ловот, прекумерниот риболов и уништувањето на нивното живеалиште. Овие желки може да тежат и до 90 килограми.

Машка желка од овој вид останала во зоолошка во Кина, а уште две живеат во Виетнам. Било тешко да се види дали овие желки се машки или женски.

Вештачкото оплодување на желката која почина било спроведено 24 часа пред да настапи смртта. Според експерите, немало компликации по операцијата и таа била добро. Следниот ден нејзината состојба се влошила.

Се истражува причината за смртта.

ФОТО: Би-би-си / Getty Images

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...