Почина 36-годишната жена која беше повредена во експлозијата на плинската боца во кумановското село Романовце.
Таа е петтата жртва во трагедијата која се случи во неделата, а воедно и една од двете повредени жени со тешки изгореници кои се бореа за живот и за кои лекарите предупредуваат дека се во критична состојба.
Од експлозијата на плинската боца претходно загинаа три деца на возраст од осум, девет и единаесет години, како и еден 58-годишен маж.
Фото: МИА