Почина Дубравко Ворих, басистот на „Прљаво казалиште“

Тој беше еден од најбараните хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе од десет години.

293

Басистот на хрватскиот бенд „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих, утрово почина од рак на 59-годишна возраст во болницата во Загреб. Тој беше еден од најбараните хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе десетици години.

„Замина голем пријател. Јас сум шокиран“, рече Младен Бодалец (60).

Лекарите на 59-годишниот музичар минатата пролет му дијагностицирале карцином, но тој не сакал да си замине од групата, па продолжил да свири на турнејата во САД и на големиот концерт кој групата летово го имаше во Загреб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...